• IТрадиција

    Традиција

    ...

  • IБогат асортиман

    Богат асортиман

    ...

  • IВрвен квалитет

    Врвен квалитет

    ...

  • Традиција

    Традиција

  • Богат асортиман

    Богат асортиман

  • Врвен квалитет

    Врвен квалитет

Процес

Процесот на правење вино е период на голема прослава на падините на Хамзали и во нашата винарија. Луѓето од околните села доаѓаат да ни се приклучат во бербата грижејќи се да ги изберат само здравите и зрели плодови. Убавите гроздови се ставаат во мали кошници и потоа во приколка која ги носи до местото за прием на грозје, кое всушност се наоѓа среде лозовите насади. Таму секој плод се прегледува повторно од специјално обучен тим и се чисти од евентуално паднати суви ливчиња и гранчиња. По поминувањето низ дестемерот и декрашерот, прекрасни, свежи, округли и со добра боја мали зрна грозје се водат до ферменторите. Во нив процесот продолжува во контролирана околина што води до крајниот резултат – ВИНА СО ВРВЕН КВАЛИТЕТ, за што веќе сведочат потрошувачите како и наградите и признанијата на фестивалите за вино и специјализираните меѓународни дегустации.

Наше големо задоволство се честите посети на винаријата на љубителилите на виноо за кои организираме прошетка низ лозовите плантажи, низ винаријата со водич и дегустација на нашите вина, проследени со закуска, ручек или вечера во пријатна атмосфера надополнета со погодна музика.